Сиднеј: Реакција на Буш на новата порака на Осама Бин Ладен

Американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека новата видео порака од лидерот на Ал Каеда, Осама Бин Ладен, покажува колку е опасен светот и зошто Соединетите Држави мора да бидат решителни во Ирак. Во видео пораката, Бин Ладен не упатува отворена закана до Соединетите Држави, ниту пак повикува на нови напади, туку вели дека и покрај воената и економска моќ, американските лидери не можат да ја окончаат војната во Ирак.