Сиднеј: Русија и Австралија потпишаа договор за извоз на австралиски ураниум

Русија и Австралија потпишаа договор за извоз на австралиски ураниум за руските нуклеарни централи. Договорот денеска во Сиднеј го потпишаа рускиот претседател Владимир Путин и австралискиот премиер Џон Хауард. Во договорот се прецизира дека Русија не смее австралискиот ураниум да го употребува за воени цели или да го извезува во други земји.