Москва: Убиени две лица кои илегално ја преминувале границата од територијата на Грузија

Руските граничари убиле две вооружени лица при нивниот обид илегално да ја преминат границата од територијата на Грузија. Кога граничарите се обиделе да ги уапсат, лицата пружиле отпор по што се убиени, соопшти руската Федерална служба за безбедност. Односите меѓу Русија и Грузија се затегнати. Грузија во август ја обвини Русија дека нејзин авион исфрлил проектил на грузијска територија. Москва ги демантира овие обвинувања.