Белград: Нема да има еднострано прогласување на независност на Косово, вели Харченко

Рускиот претставник во преговарачката „тројка“ на Контакт групата Алексанадар Боцан Харченко за српските медиуми изјави дека нема да дојде до едонострано прогласување независност на Косово иако не потврдил со сигурност дека такво ветување дала албанската страна. Рускиот дипломат најави дека на 28 септември во Њујорк, по состанокот на министрите за надворешни работи на Контакт групата на маргините на Генералното собрание на Обединетите Нации, ќе се одржат првите непосредни разговори на делегациите од Белград и Приштина.