Лондон: Маглата следен ефект од глобалното затоплување

По летото, што беше топло и влажно, отсега во есената ќе биде присутна магла, како следен феномен на глобалното затоплување. Како што пишува денес британскиот весник “Independent“, се предвидува образувањето на маглите да зачести по почетокот на есента, односно од 21 септември, кога ноќите стануваат подолги, а деновите и времето стануваат поладни.