Москва: Три илјади луѓе на комеморацијата три години од заложничката криза во Беслан

Над три илјади луѓе учествуваа на комеморации во Москва на третата година од заложничката криза во Беслан. На 1 септември 2004 над илјада деца, родители и учители беа земени во заложништво од чеченските сепаратисти во училиште во Беслан Северна Осетија. Руските служби три дена потоа презедоа операција. Загинаа 330 лица претежно деца. Роднините го изразуваат гневот од, како што веруваат, невештата акција и нецелосната истрага на руските власти.