Вашингтон: Ангела Меркел на врвот на листата на најмоќни жени

Германската канцеларка Ангела Меркел, втора година по ред, е на прво место на листата на најмоќни жени во светот, која ја објавува американскиот весник Форбс. На второ место е кинеската вице-премиерка Ву Ји, а на третото генералната директорка на сингапурската компанија Темасек. Американската државна секретарка Кондолиза Рајс, за разлика од лани, кога беше рангирана како втора, годинава е на 4-то место.