Багдад: Ирачката влада ги повика вооружените групи да ги замрзнат активностите

Ирачката влада ги повика вооружените групи во земјата да го следат примерот на најголемата шиитска милиција и да ги замрзнат своите активности. Во средата, анти-американскиот шиитски верски лидер Моктада Ал Садр им нареди на неговите приврзаници во наредните 6 месеци да ги запрат сите активности.