Скопје: Германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг во посета на Македонија

Висока делегација на Министерството за одбрана на Сојузна Република Германија, предводена од министерот Франц Јозеф Јунг, денеска ќе престојува во работна посета на Република Македонија. Германскиот министер за одбрана ќе се сретне со својот македонски колега Лазар Еленовски, а ќе биде примен и од претседателот Бранко Црвенковски и од премиерот Никола Груевски. Главни теми во разговорите ќе бидат продлабочувањето на билатералните односи во областа на одбраната, косовското прашање, текот на одбранбените реформи, како и поддршката на Германија за членство на Македонија во НАТО.