Виена: Средби на преговарачката тројка со делегации на Белград и Приштина

Во Виена денеска преговарачката тројка на Контакт групата ќе има одвоени разговори со делегации на Белград и на Приштина. Представниците на ЕУ Волфганг Ишингер, на САД Френк Визнер и на Русија Александар Харченко претпладне ќе разговараат со косовската делегација, а попладне со представници на српската влада, предводени од министрите за надворешни работи и за Косово и Метохија Вук Јеремиќ и Слободан Самарџиќ. Пред заминувањето за Виена, косовскиот претседател Фатмир Сејдиу ја повика Србија да се откаже од своите претензии кон покраината. Не можете да натерате два милиона луѓе да го променат своето мислење и да се вратат под власта на државата, под која беа порано, изјави Сејдиу. Преговарачката тројка вчера во Виена се состана и со политичките директори на министерствата за надворешни работи на Контакт групата.