Москва: Налог за апсење на Сергеј Хаџикурбанов за убиството на Ана Политковскаја

Московскиот суд издаде налог за апсење на поранешниот припадник на министерството за надворешни работи Сергеј Хаџикурбанов поради сомневање дека учествувал во убиството на новинарката Ана Политковскаја. Со тоа бројот на осомничените за ова убиството кое се случи во октомври лани изнесува единаесет. Политковскаја поради кршењето на човековите права во Чеченија била позната како остар критичар на Кремљ, но и на чеченските проруски власти.