Вашингтон: Буш се подготвува да побара дополнителни 50 милијарди долари за Ирак?

Весникот Вашингтон пост, повикувајќи се на неименуван извор во Белата Куќа, пишува дека претседателот Џорџ Буш се подготвувал да побара од Конгресот дополнителни пеесет милијарди долари за војната во Ирак. Весникот ја пренесува и изјавата на портпаролот на Белата Куќа Скот Стенцел дека засега немало никаква одлука за барање нови финансиски средства.