Опозицијата и власта за сега не прават отстапки за Законот за јавно обвинителство и Судскиот совет

Ниту опозицијата, ниту власта засега не изразуваат подготвеност на отстапки околу разликите што ги имаат по однос на законот за јавно обвинителство што веќе се најде и во собраниска фаза, а слична е ситуацијата и околу комплетирањето на Судскиот совет. Додека законченоста на судските реформи им се закануваат на евроатлантските интеграции на земјава, бидејќи се клучни во овој процес во кој се бара од нас да бидат исполнети, од владеачката ВМРО ДПМНЕ велат дека опозицијата постојано испорачува барања околу законите во областа на судството. На летово одржаните лидерски средби ги усогласивме речиси сите спорни точки, освен барањето на опозиционите партии за трајниот мандат на обвинителите, но сега се појавуваат нови услови, вели Трајко Вељановски од ВМРО ДПМНЕ:

„Дојдовме до тоа едно прашање што не е усогласено и ги прекинавме лидерските средби. И тогаш опозицијата дали сакајќи да постави ултиматуми сега поставува нови барања, кои што претходно ние ги усогласивме.“

Дали власта е подготвена да направи компромис за да се донесат законите што се дел од судските реформи? Вељановски вели:

„Во однос на важноста на законот за јавно обвинителство и Советот на јавни обвинители сепак треба да имаат во предвид сите политички партии кои што треба да дадат свој придонес во гласањето при изгласувањето.“

Доволно компромис направивме и досега со тоа што ние ги инициравме лидерските средби по однос на судските реформи, но кај власта нема слух, а кај неа е решението, изјавува во претседателот на СДСМ Радмила Шекеринска во интервјуто за Радио Слободна Европа што ќе се емитува оваа недела:

„Единственото што ние можевме да го направиме е ние да свикаме наместо власта да не покани да седнеме и разговараме, СДСМ беше партијата која што иницираше средби помеѓу политичките партии. Повеќе од тоа малку можеме да направиме. Јас велам со сила на некого можеш да му земеш нешто, ама да му дадеш е многу тешко.“

забележува Шеќеринска. За Демократската Унија за интеграција пак е спорен делот во кој бараат советот на Јавните обвинители да го предлагаат Јавниот обвинител, а собранието да го избира. Сметаат дека нивните забелешки се конструктивни и не сметаат дека треба да ги повлечат:

„Мислиме дека власта треба да има слух да ги почитува некои реалности во Македонија.“

Вели Рафиз Алити од ДУИ.

Опозицијата се „чуди“ како законот за јавно обвинителство е поставен на дневен ред во Собранието без притоа да се обезбеди консензус. Во власта пак велат дека очекуваат преку собраниската дискусија да се дојде до договор. Донесувањеот на законите во областа на судството е посебно важно во пресрет на очекуваниот извештај на Европската Комисија есенва, од кој пак ќе зависи добивањето на датум за преговори со Европската Унија.