Виена: Состанок меѓу преговарачката тројка за Косово и Контакт Групата

Преговарачката тројка за Косово денеска во Виена ќе се состане со претставниците на Контакт Групата. На состанокот треба да биде утврден начинот и содржината на новите преговори за статусот на Косово. Денешниот состанок доаѓа ден пред стартот на одвоените разговори на ,,тројката,, со делегациите на Белград и Приштина.