Скопје: Министерот за надворешни работи на Литванија Петрас Ваитиекунас во посета на Македонија

На покана на македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски во официјална посета на Република Македонија престојува министерот за надворешни работи на Република Литванија Петрас Ваитиекунас.
На денешната средба на министрите Милошоски и Ваитиекунас, ќе стане збор за билатералната соработка помеѓу двете земји, за поддршката на Македонија за членство во НАТО, како и за добивањето на датум за преговори за полноправно членство во Европската Унија. Посебен акцент ќе биде ставен на зајакнувањето на економската соработка поради што од Литванија заедно со минстерот Ваитекунас допатува и бизнис делегација. Литванискиот министер ќе има средби и со претседателот на државата Бранко Црвенковски, премиерот Никола Груевски и со претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски.