Загреб: Германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг во посета на земјите од Западен Балкан

Германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг од денеска е во посета на земјите од Западен Балкан. Прва станица од неговата турнеја е Загреб, а во четврток германскиот министер за одбрана ќе допатува во Скопје каде ќе оствари средби со претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски. Освен Загреб и Скопје, Јунг ќе ги посети и Тирана и Приштина. Главна тема на разговорите со властите од регионот ќе бидат преговорите за статусот на Косово, воената соработка и евроатлантските интеграции.