Атина: Сеуште не се локализирани пожарите во Грција

Шумските пожари, кои од петокот беснеат на грчкиот полу-остров Пелопонез, сеуште не се локализирани, но не претставуваат опасност за населението, соопшти денеска грчката пожарникарска служба. Над 800 пожарникари и исто толку војници, како и екипи од странство со помош на авиони и хеликоптери, учествуваат во гаснењето на подрачјето на Елида, на запад на Пелопонез. Според досегашните извештаи, најмалку 63 лица настрадаа во пожарите.