Лондон: Гордон Браун ги отфрла барањата за повлекување на британските војници од Ирак

Британскиот премиер Гордон Браун ги отфрли барањата од некои опозициони партии за утврдување временски рокови за повлекување на британските војници од Ирак. Во неговото писмо, објавено во Лондон, Браун нагласува дека Велика Британија целосно ќе ги исполни своите обврски спрема ирачкиот народ и Обединетите Нации.