Кабул: Приходите од одгледување на опиум може да го поттикне талибанскиот екстремизам

Одгледувањето на опиум во Авганистан годинава достигна нов рекорд, со опасност приходот од неколку милијарди долари дополнително да го поттикне талибанскиот екстремизам,се наведува во последниот извештај на Обединетите Нации. Во Авганистан се произведува 93 насто од вкупното светско производство на опиум, кој се користи како суровина за производство на хероин, а во однос на 2005 година извозот е удвостручен, се вели во извештајот.