Блед: Премиерот Груевски на Конференција ЕУ 2020 година

Премиерот Никола Груевски од вчера престојува во Блед, Словенија каде што учествува на дводневната мегународна конференција- Европската Унија 2020 година , Проширување и интегрирање. Во синојкешното обракање тој истакна дека владата на Република Македонија е цврсто решена да ја одигра својата улога во отварањето на европското поглавје за Балканот. Груевски додаде дека Косово претставува најголемиот преостанат предизвик на Западниот Балкан и дека ова прашање ќе биде решено на начин што ќе придонесе кон натамошно зголемување на стабилноста и безбедноста во регионот. Дводневната конференција која што почна вчера попладенто е со цел да се даде придонес кон веќе започнатите дискусии околу предизвиците со кои во моментот се соочува Европската унија. На конференцијата учестуваат политички лидери, владини претставници од највисоко ниво, европски претставници и меѓународно признати експерти.