Бекир Исени, претседател на Судскиот совет. Апсењата пред камери е непочитување на презумпцијата на невиност

Господине Исени, претседател сте на институција, која главно е посочувана како пречка за влез на Македонија во ЕУ. Сеуште работите во некомплетен состав. Ги обвинувате ли партиите и институциите што ве доведуваат во таква положба?

За вакво прашање ќе бидам малку построг во одговорот, но морам да кажам дека сите делуваат на таков начин што сметаат дека да не се комплетира судскиот совет, да не се вршат реформите, а неизвршувањето на судските реформи значи дека неможе да одиме во Европа. Тука сите институции кои се должни, како Собранието, преку свои комисии, претседателот на државата кој треба да предложи двајца членови, имаа рок по законот од 30 дена од конституирањето на судскиот совет од редот на судиите. Тоа не го сторија неколку пати по 30 дена. Тоа значи повреден е и уставот и законот од нивна страна. Овде ја користам и оваа прилика да апелирам да направат брз избор на петте члена, затоа што така се врши контрола на судската работа од извршна и законодавна власт и обратно и без нив имаме штета во изборот и разрешување на судиите. Без управен суд е моментно државата, што е нон сенс, затоа што многу права и слободи не се судски заштитени. Законот го имаме, а престана надлежноста на Врховниот суд да ги решава тие предемети и тие сега само се трупаат и не се решаваат. Тоа е на штета на сите граѓани, а посебно да потенцирам дека тој суд ќе биде надлежен и за решавање на изборни предмети.

Како претседател на судскиот совет, дали сте оптимист дека во скоро време работите ќе одат напред?

Јас и порано сум барал помош од меѓународните институции и од амбасадорите. И сега ќе барам и натаму помош од нив, затоа што не можам да барам помош од политичките партии. Од претседателот на државата, на владата, и собранието сум барал и порано и пак ќе продолжам, дури ќе вршам и притисок овие препреки да се отстранат и да ги извршиме реформите. Не треба многу, политичките партии да видат кој е тој член од нивна партија, затоа што тука тие ќе се изгубат тие. Тука доаѓа предвид само стручноста. Апелирам да бидат избрани само стручните и тогаш ќе имаме просперитет.

Експертите констатираа, правото и политиката во Македонија сеуште одат рака под рака. Какво е вашето мислење, успева ли судството да избега од канџите на политиката?

Епа, тоа е борба, затоа што секоја власт сака да задржи власт над другите власти. Така и законодавната, особено извршната сака да има доминантна улога во судството. Но, ние полека успеваме да се одлепиме од такво влијание. Дури сме и пред неколку земји членки на ЕУ. Тоа е Бугарија, на пример, во смисол на законодавство. Во смисол на донесување закони и составот. Овој состав што сега треба да го има судскиот совет навистина е напредок во споредба со другите земји. Но, финансирањето, затоа што не може да си независен, ако си финансиски зависен, а сеуште нашето судство е зависно. Ако имаме самостоен буџет. Тоа не е буџет. Тоа е одвоена сума на пари, за финансирање на судовите и секогаш просиме за тоа и затоа останавме таму каде што сме. Онаа меѓусебна контрола, што сега доаѓа од членовите на политиката, сепак мнозинството на членовите се од судство, а тоа се докажа дека може да се бори и со криминалот во своите редови. Имаше и кривични гонења, и притвор и разрешувања и тоа многу оди брзо. И нормално е дека кога судството во своите редови води брза постапка, стравот кај другите власти да не се комплетира толку брзо па да се бориме за корупцијата, прво во судството, но и се во оваа држава.

Да се вратиме повторно на политичкиот притисок. Дали не претставува политички притисок, додека во судот се врши распит на една личност, пред судот да протестира група граѓани. Друга партија, истовремено, презентира докази и ја повикува судијката да одреди притвор?

Вие отворате тема што треба подолго да се елаборира. Своевиден притисок на судство е одење на сослушување со бодигарди. Другиот начин на притисок е собирање пред судската зграда. Без разлика дали се тоа Албанци или Македонци, затоа што имавме два случаи кога се собираа само припадници на етничка група, а во третиот случај видовме и истакнати политичари, што фала богу што тие не вршат избор на судии инаку во таков случај судијата треба веднаш да поднесе оставка, затоа што се знае што го чека ако одлуката не е во нивна полза.

Дали е приситок и повикот на политичка партија да го приведе осомничениот судијката, односно да му изрече мерка притвор. Или пак презентирање докази за наводен криминал од страна на политичка партија?

Ние сеуште во судството сакаме да одиме транспарентно и губиме контрола каде е црвената линија. Некои случаи се истакнуваат уште пред објавување на барање од страна на јавниот обвинител и судијата, веќе странките знаат за тоа. Дали доаѓа преку новинари или преку разни луѓе, но доаѓаме до притворување транспарентно, преку телевизија, преку камери. Лично не мислам дека тоа се камери од медиумите, туку од институции, кои после се даваат да се објават. Тоа е лошо. Секоја постапка има граница, до каде може да биде јавна, до каде може да биде не јавна.

Тоа значи дека се согласувате со констатацијата на дел од експертите дека се крши презумпцијата на невиност?

Апсолутно. Но и тие реформи се судски и треба да ги донесеме и тие прописи. Сите треба да одговараат пред суд, но никој не треба да се оцрни без судска одлука и да нема напредок во кариерата, а тоа веќе ќе се протега и на нивните потомци.

Се злоупотребува ли мерката притвор според вас?

Не би рекол дека се злоупотребува, туку се претерува. Тоа е мека што треба да се користи, за размислување е дали може да има влијание кај сведоците или другите докази. Сум бил порано и адвокат, сум имал и свои клиенти. Тие никогаш не вршеле некое влијание кај сведоците. Тоа врши семејство, пријателите и други луѓе, а тој може комотно да седи во притвор и таму да се припрема онаа истрага од други лица. Ние него го држиме во притвор. Или пак, за бегство. Така брзо се оди. Во доста случаи има влијание надворешниот фактор за да се одреди мерка притвор, па судење од притвот, а тоа влијае и на одредување на казната.

Имавте несогласувања со претседателот на Врховниот суд Дане Илиев. Какви се сега односите?

Добро, сега тој е член на Судскиот совет. Јас сум член на буџетскиот судски совет, каде што тој е претседател. Ќе се договориме и ќе успееме да ускладиме, ние сме колеги, се знаеме одамна и ја ценам неговата положба каде што е сега, затоа јас ќе попуштам во доброто однесување, затоа што ја знам неговата состојба.