Багдад: Најмалку 10 загинати при судир на американските трупи и шиитските милитанти

Најмалку 10 лица загинале, а 20 се ранети кога американските сили ноќеска се судрија со шиитски милитанти во Багдад. Според извештаите, во судирите американски хеликоптери отворале оган врз милитантите во квартот Схула. Според полицијата, мегу ранетите има и деца и жени кои спиеле во ладот на покривите на куќите. Американските сили соопштија дека овие информации се проверуваат.