Вашингтон: Ирачката влада уште понестабилна

Во најновиот извештај на американската разузнавачка служба се наведува дека Владата на ирачкиот премиер Нури Ал Малики ќе биде уште понестабилна во наредните шест до 12 месеци. Во извештајот исто така се наведува дека во Ирак од јануари е постигнато ,,умерливо, но нееднакво подобрување,, на безбедносната ситуација, откако во земјата по наредба на претседателот Џорџ Буш беше зголемен бројот на американските трупи.