Приштина: Луис Амадо побара единство на ЕУ за Косово

Шефот на португалската дипломатија Луиш Амадо, чија земја претседава со Европската унија побара единство на ЕУ за косовското прашање, нагласувајќи дека се работи за стабилноста на Балканот. Амадо изјави дека 27 земји-членки мораат да соработуваат за на крајот да постигнат единствен став на ЕУ. Во меѓувреме, косовскиот премиер Агим Чеку предупреди на опасноста од избувнување на насилства во Косово, кое би можело да се прошири на Прешевската Долина и во Македонија.