Мексико: Ураганот Дин се движи кон Мексиканскиот Залив

Ураганот Дин, кој се смета за еден од најсилните досега, помина низ мексиканскиот полуостров Јукатан и се движи кон Мексиканскиот Залив. Претседателот на Мексико, Фелипе Калдерон изјави дека засега нема извештаи за жртви. Ураганот Дим, кој беше во највисоката категорија 5, падна на 1, но се очекува повторно засилување кога ќе дојде до брегот на Мексико.