Приштина: Посета на шефот на португалската дипломатија Луис Амадо

Министерот за надворешни работи на Португалија и претседавач на ЕУ Луис Амадо денеска ќе престојува во Приштина, каде што ќе се сретне со шефот на УНМИК Јоаким Рикер и со претседателот и со премиерот на Косово Фатмир Сејдиу и Агим Чеку. Главни теми на разговорите ќе бидат актуелната политичка и безбедносна ситуација на Косово и процесот на утврдување на конечниот статус.