Вашингтон: Џорџ Тенет пропуштил ефикасно да ја подготви ЦИА за опасноста од Ал Каида

Поранешниот шеф на ЦИА Џорџ Тенет знаел каква опасност претставува Ал Каида уште пред нападите во 2001-та година, но пропуштил ефикасно да ја подготви Централната разузнавачка агенција за таа закана, се вели во интерниот извештај на ЦИА од 2005-та година, кој беше објавен вчера. Тенет, кој поднесе оставка во 2004 година, е критикуван и за погрешните анализи за наводното присуство на оружје за масовно уништување во Ирак, што доведе до почеток на војната во таа земја во март 2003-та. Актуелниот директор на ЦИА Мајкл Хејден, кој го одобрил објавувањето на извештајот, препорачал санкции против Тенет и неговите заменици. Тенет, кој сега е доста критичен спрема администрацијата на Џорџ Буш, оценил дека заклучоците на овој извештај се целосно погрешни.