Подгорица: Во Црна Гора од денеска забранет увоз на автомобили постари од 2000 година

Во Црна Гора од денеска почнува примената на владината одлука за увоз на половни автомобили, со која се оневозможува увозот на автомобили произведени пред 2000 година. Со ова во сила стапува еколошко-техничкиот стандард Еуро 3, кој за произведувачите од Западна Европа почна да важи во 2000 година. Еуро 3 важи во Македонија и Хрватска, во Србија во сила е Еуро 2, додека во Босна и Херцеговина нема еколошки стандарди.