Москва: Чешка ќе направи голема грешка ако дозволи американски радар на нејзината територија

Чешка ќе направи голема грешка доколку дозволи елементи од американскиот ракетен штит да бидат сместени на нејзина територија, изјави шефот на рускиот генералштаб Јури Балуевски по средбата со чешкиот заменик министер за одбрана Матрин Бартак во Москва. Чешка во моментот разговара со Соединетите Држави за поставување радарска станица ан своја територија како дел од анти ракетниот штит на што Москва глеад како закана за сопствената безбедност.