Атина: Премиерот Костас Караманлис ќе побара предвремени парламентарни избори

Грчкиот премиер Костас Караманлис денеска ќе побара од шефот на државата Каролос Папуљас да го распушти Парламентот и да свика предвремени парламентарни избори за шеснаесетти септември. Според грчкиот Устав, нови избори се одржуваат најдоцна во рок од триесет дена по распуштањето на Парламентот. Редовните избори во Грција требаше да се одржат во април догодина, но под притисок на своите министри Караманлис се реши на предвремени избори, бидејќи анкетите од последните месеци покажуваа континуиран пад на популарноста на владејачката Нова демократија.