Вашингтон: Хозе Падиља прогласен за виновен за тероризам

Американскиот граѓанин Хозе Падиља од страна на Судот во Вашингтон е прогласен за виновен за обвниненијата за тероризам. Падиља заедно со уште еден американец од јорданско поткло и еден либански граѓанин се обвинети дека биле членови на северно-американска терористичка келија која требала да испраќа пари , регрути и да пружа помош на меѓународното исламско терористичко движење. Белата куќа ја поздрави пресудата , а конечната казна на тројцата осудени ќе им биде изречена во декември годинава со тоа што тие соочуваат со можност да добијат доживотен затвор.