Приштина: Изборите на Косово во третата недела од ноември

Преговарачкиот тим на Косово му предложи на шефот на УНМИК Јоаким Рикер да распише општински и парламентарни избори на Косово во третата недела од ноември. Како што соопшти портпаролот на приштинскиот преговарачки тим Скендер Исени, одлуката за изборите може повторно да се разгледа доколку се оцени дека изборите може да попречат во процесот за дефинирање на косовскиот статус.