Багдад: Бројот на жртвите од самоубиствениот бомбашки напад достигна 250

Бројот на жртвите од вчерашниот самоубиствен бомбашки напад во Ирак достигна 250, додека 350 лица се повредени. Ова е најсмртоносен напад досега во земјата од 2003-та година. Нападите се случија во две села на северот од Ирак населени со Јазиди, претежно курдска религиозна малцинска група. Американската армија соопшти дека зад нападот стои Ал Каеда.