Скопје: Денеска седница за случајот Бучковски

Денеска во Собранието на Македонија ќе се одржи седница на која ќе се дебатира за одлуката на парламентарната мандатно-имунитетната комисија со која се одобрува мерката притвор за поранешниот премиер, актулене пратеник Владо Бучковски. Вчера Секторот за внатрешна контрола при МВР по извршените проверки констатира дека нема повреда на слободите и правата на Бучковски при неговиот влез во Македонија на 1-ви август на граничниот премин Богородица и оти не е нарушен неговиот интегритет и пратенички имунитет. Бучковски се товари за злоупотреба на службената положба и овластување, додека раководеше со Министерството за одбрана, при набавката на резервни делови за армиските тенкови.