Токио: Почина најстарата жена во светот

Јапонката која според Гинисовата книга на рекорди беше најстарата жена во светот почина вчера на сто и четиринаесет годишна возраст. Јапонските агнции наведуваат дека жената која била родена во јануари илјада осумстотини деведесет и третата година починала од старост.