Хавана: Фидел Кастро наполни 81 година

Кубанскиот лидер Фидел Катро денеска полни 81-на година, но властите на Куба не планираат никакви официјални прослави. Кастро не се појавува во јавност откако се разболе и беше опериран пред една година, а официјални претставници соопштија дека тој се опоравува.