Охрид: Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура

Од денеска до 30-ти овој месец, во Охрид се одржува 40-тиот меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура. Најавено е учество на околу 100 слуштели од 25 земји. Манифестацијата е под покровителство на претседателот Бранко Црвенковски, а во организација на скопскиот универзитет Свети Кирил и Методиј.