Кабул: Медицински тим на АРМ во шестмесечна мисија

Медицински тим на АРМ денеска замина во шестмесечна мисија во рамките на ИСАФ во Кабул, Авганистан, информира Канцеларијата за односи со јавност на Генералштабот. Првата недела, нашите мировници ќе претстојуваат во Загреб, каде што заедно со нивните колеги од Хрватска и Албанија ќе извршат обука за извршување на мисијата, а потоа ќе отпатуваат во Авганистан. Ова е петта ротација на медицинскиот тим на АРМ, кој во наредниот период ќе ја извршуват мировната мисија во рамките на Чешката болница на меѓународниот аеродром во Кабул.