Анкара: Посета на ирачкиот премиер Нури Ал Малики

Ирачкиот премиер Нури Ал Малики денеска е во Турција на разговори за дејствувањето на курдските герилци во северен Ирак. Се очекува Малики и турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган да договорат соработка на безбедносен план, но аналитичарите наведуваат дека ирачкиот премиер нема моќ да дејствува во автономниот курдски регион. Турција има распоредено над 200 илјади војници на границата со Ирак.