Лондон: Откриена шап и лигавка на уште една фарма на југот на Британија

Британската ветеринарна служба соопшти дека е откриена болеста шап и лигавка на уште една фарма на југот на земјата, со што се зголеми загриженоста од можно ширење на вирусот и на други места. Европската Комисија го забрани извозот на месо и млечни производи од Велика Британија.