Тбилиси: Акт на агресија од руските авиони што истрелале ракети врз територијата на Грузија

Грузискиот министер за внатрешни работи Вано Мерабишвили изјави дека руските авиони, кои истрелале ракети врз територијата на Грузија, извршиле акт на агресија. Според него, на радарите било забележано дека авионите дошле од руска територија, исфрлиле бомба врз едно село, која не експлодирала, и потоа си заминале. Русија демантира дека извршила напад.