Дубровник: Најмалку 26 пожарникари повредени во пожар

Најмалку 26 пожарникари, од кои еден потешко, се повредени во пожарот што од саботата беснее во околината на Дубровник кој стигна и дo предградијата. Градоначалник Дубравка Суица соопшти дека е прогласена општа опасност во градот и дека властите се подготвени да ги евакуираат жителите. Во моментот туристите не биле во опасност, а ситуацијата била под контрола.