Брисел: Забранет извозот на стока и месни производи од Велика Британија

По појавата на шап и лигавка во Британија, Европската Унија денеска го забрани извозот на стока и месни производи од таа земја. Болеста беше откриена на една фарма во реонот Сара, на југот од Британија.
Властите воведоа карантин во пречник од 3 километри околу фармата. Забраната се однесува на извоз на стока, месо и млеко, а со неа се опфатени говедата, овците и свињите.