Индија: Најмалку 180 жртви во поплави

Силните монсунски дождови и поплавите во Бангладеш и во северна Индија биле причина за смртта на најмалку сто и осумдесет луѓе и за расселување на скоро други деветанесет милиони. Годинашната сезона на монсуните во Јужна Азија која трае од јуни до септември, според оценките на индиските власти, е многу поинтензивна од претходните години.