Париз: Франција потпишала писмо за намера, а не договор за оружје со Либија

Францускиот министер за одбрана Ерве Морен денеска изјави дека со Либија било потпишано писмо за намера, а не и договор за купување француски противтенковски ракети. Либија синоќа соопшти дека потпишала со две француски компании кои не ги именува договори за ракетна и комуникациска опрема во вредност од скоро триста милиони евра. Париз постојано негира дека договорила со Либија продавање на оружје во замена за неодамнешното ослободување на бугарските медицински работници.