Пекинг: Спасени 69 рудари кои беа блокирани во поплавен рудник

Сите 69-мина рудари, кои од неделата беа блокирани во поплавен рудник во централна Кина, изутрината биле спасени, соопштија кинеските медиуми. Кинеската рударска индустрија е најсмртоносна во светот, а само во минатата година во разни инциденти во рудници, настрадале околу 5 илјади луѓе.