Европа: 95 насто од пожарите во јужна Европа се должат на човековиот фактор

Околу 95 проценти од пожарите, што се случија годинава и што опожарија милиони хектари шуми во Грција, Италија и во други медитерански реони, се должат на човечкиот фактор, се наведува во соопштението на Организацијата за храна и земјоделство на ОН - ФАО. Се навеува дека секоја година околу 50 илјади пожари уништуваат близу еден милион хектари шуми и грмушки во реонот на Средоземното Море. Многу земји имаат планови за превентивни дејства против пожарите, но малку од нив ги применуваат, се наведува во соопштението на ФАО.