Кабул: Убиени 50 талибанци

Во борбите меѓу американските сили и авганистанските милитанти, како што е соопштено во Кабул, биле убиени пеесетина талибанци. Во соопштението се прецизира дека борбите во провинцијата Хелманд траеле повеќе од дванаесет часа.