Скопје: 44 години од катастрофалниот земјотрес

Скопје денеска ја одбележува 44-та годишнина од катастрофалниот земјотрес во кој животот го загубија 1.070 луѓе, а 3.000 беа повредени. Катастрофалниот земјотрес се случи на 26 јули 1963 година во пет часот и 17 мунити, а помали потреси имаше до пет часот и 43 минути. Скопскиот земјотрес се почувствува на простор од околу 50.000 квадратни километри. Над 200.000 луѓе остана без покрив над глава по оваа трагедија.