Либија: Посета на францускиот претседател Никола Саркози

Францускиот претседател Никола Саркози денеска ја посетува Либија. До посетата доаѓа ден по ослободувањето на бугарските медицински сестри и палестинскиот лекар осудени за намерно инфицирање со висрус на Сидата на над 400 либијски деца и по договорот за партнерство меѓу Либија и Европската Унија. Бугарските медицинари се вратија во Софија со француски авион придружени од сопругата на Саркози и европски комесари.